Kia Ceed

Новиот Kia Ceed пристигна на македонскиот пазар

Третата генерација на Kia Ceed веќе е претставена на македонската публика
Објавено на 13 ноември 2018 година

Најновото остварување во Ц-сегментот на корејската компанија го имаше своето деби пред нашата јавност. Kia Ceed со својата трета генерација нуди многу новини како за моделот, така и за концернот. Почнувајќи од дизајнот, новите димензии, како и најновите технологии, Kia со Ceed ќе атакува во сегментот каде конкуренцијата е најголема. 
Kia CeedНа самиот старт на продажбата во Македонија Киа Моторс ќе го нуди овој докажан модел по акциски цени. Па така, Ceed со Vision ниво на опрема чини 13.990 евра, за кои меѓу другото се добиваат и екран чувствителен на допир со камера за возење наназад и поддршка за Android Auto и Apple CarPlay. Во повисокото ниво на опременост Ceed доаѓа со безбедносни системи за автономно сопирање и за одржување на возилото во лента, алуминиумски тркала, автоматски клима уред и друго, и тоа за 15.990 евра.

Двата пакети на Ceed се комбинираат со три бензински и еден дизелски агрегат. Основен е 1,4 литарскиот со 100 коњски сили, следат турбо моторите со зафатнина од 1,0 литри и 120 KS и 1,4 литарскиот со 140 КС. Дизелскиот агрегат е 1.6 CRDi кој развива 136 КС. Што се однесува до трансмисијата, понудени се две варијанти - 6-степен мануелен и 7-степен автоматизиран менувач со двојна спојка, а битно е да се нагласи и фактот дека сите мотори ги задоволуваат најновите Euro 6d стандарди.


Kia Ceed

клучни зборови: Македонија, Kia Ceed

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе