Škoda Vision RS

Нов Rapid или мистериозен модел?

За салонот во Париз Škoda подготви концепт за кој мислењата што најавува се поделени
Објавено на 7 септември 2018 година

Škoda Vision RS - тоа е најновиот концепт што Чесите го подготвија. И сé би било во ред да кажеа што точно најавува, бидејќи иако според поголем дел од јавноста тој треба да ни ја долови новата генерација на Rapid, дел од познавачите мислат дека се работи за нов модел. Мистериозен, бидејќи со своите 4,35 метри е прекраток да биде хечбек верзија на Octavia, а пак сегашниот Rapid на кој му е време за замена, нема таква верзија - таа улога кај него ја има Spaceback изведбата, за која попрво би кажале дека е караван. Но како и да е, сериската верзија која треба да ја очекуваме во 2019 година ќе биде поставена на продолжената Volkswagen-ова MQB A0 платформа, која ќе ја добие и идниот мал кросовер на Škoda најавен со Vision X концептот. Во гамата мотори не се очекуваат изненадувања, ниту пак хибриди. Внатрешноста засега сé уште нема исчекорено од футуристичкиот стил, но и тука сигурно ќе преовлада конзерватизмот.


Škoda Vision RS

 

Видео

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, Škoda Rapid, видео

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 72,50
еуросупер 98 74,00
еуродизел Д5 66,00
биодизел Б6 66,50
течен нафтен гас 34,00
метан 38,00

Фото галерии