Големото Z повторно на сцена!

По децениска пауза, Nissan во игра ја враќа буквата Z по седми пат.

објавено 19. август 2021

Во претходните шест генерации спортското купе имаше нумеричка ознака покрај фамозното Z. Сега отпаднаа бројките. За 2023 година најавената седма еволуција го слави триумфот на традиционалното.

Тенка и ниска контура, атрактивен интериер, одличен инфотејмент систем и, она најважното, трилитрен бензински V6 твин турбо мотор со 400 коњи. Силата се пренесува на задните тркала преку шест степен мануелен или девет степен автоматски менувач.

На возачот е фокусирана дигиталната инструмент табла од 12,3 инчи и исто толкав дисплеј на централната конзола преку кого може да се управуваат повеќето функции на автомобилот. За добриот звук, покрај татнежот на моторот, се грижи Воѕе аудио системот со осум звучници.

Сé уште е рано да се зборува за возните својства, но знаејќи ги претходните генерации, јасно е дека дотерувањата ќе бидат фокусирани на чистото возачко доживување. Не случајно првите динамички фотографии се направени на патека. Во пет децениската историја овој модел прокнижи повеќе од еден милион продадени примероци.

Тоа е обврска со која се негува традицијата и се дава форма на иднината. Со новата генерација на Nissan Z прво ќе бидат услужени купувачите од САД. Не е познато по која цена, но познато е дека ќе има две стандардни изведби, Sport и Performance, а од самиот почеток ќе биде издадена Proto Spec серија ограничена на 240 примероци како атрибут на првата изведба од 1970 година Datsun 240Z.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER