Bentley Continental GT Convertible

Непоколебливо господски

Новиот Bentley Continental GT Convertible се соблекува топлес за 19 секунди
Објавено на 27 ноември 2018 година

Прво беше купето, па тркачката GT3 верзија а сега и кабриолетот - Bentley ја претстави новата генерација на Continental GT Convertible. Луксузниот крстосувач ќе го обожаваат сите со многу пари кои живеат во сончевите краишта. 
Bentley Continental GT ConvertibleЕден таков град е и Лос Анџелес, каде тој ја има својата светска премиера. Continental GT Convertible останува без мекиот покрив за само 19 секунди. Тоа може да се стори и во возење, со брзина до 50 km/h. Во понуда ќе биде со дури седум различни бои на платното со специјална звучна изолација. Од Bentley тврдат дека бучавата при возењето со него е намалена на ниво на претходната генерација на Continental GT во купе изведба.

За погон на овој господски модел ќе се грижи монструозниот 6-литарски W12 мотор со 635 KS, во пар со осумстепен менувач со двојна спојка и погон на сите тркала. Иако е потежок од купето за цели 160 kg, забрзувањето од 3,8 секунди и максималната брзина од 333 km/h ќе импресионираат секого. Подоцна треба да добие и V8 мотор. Внатрешноста е добро позната, со најфини материјали и богата опрема, меѓу другото и со озвучување од 2.200 вати.


Bentley Continental GT Convertible

клучни зборови: новитети, Bentley Continental GT Convertible

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе