Bugatti Chiron

Неколку навистина интересни факти за Bugatti Chiron

Објавено на 28 мај 2018 година

Bugatti се пофали дека го испорачал стотиот примерок на Chiron. Убава бројка, ако се знае дека неговата цена стартува од 2,4 милиона евра. Уште поубава барем за Bugatti, е бројката од 200 продадени примероци пред почетокот на неговото производство во декември 2016-тата. Сепак заради зачувување на ексклузивноста и репутацијата, Bugatti ќе направи само 500 примероци од Chiron. Јубилејниот модел е испорачан на купувач кој живее во арапското поднебје и чини 2,85 милиони евра. Разликата во цената е исклучиво заради естетските доработки на надворешноста и уредувањето на ентериерот, додека механиката во целост е иста - 16-цилиндричен хибриден мотор со 1.500 коњски сили и 7-степен менувач со двојна спојка.


Bugatti Chiron Овој автомобил важи за ремек-дело на техниката кое не може да се споредува со ништо друго, заради што од Bugatti споделија и неколку интересни факти за него. Според стручњаците на француско-германскиот производител, во неговата каросерија има толку јагленородни влакна што кога сите би се поврзале ќе бидат девет пати подолги отколку растојанието од земјата до месечината. Понатаму, вкупната активна површина на шесте катализатори во издувниот систем изнесува неверојатни 230 илјади квадратни метри што е скоро три пати повеќе од бруто површината на скопскиот Сити Мол. Со оглед дека неговиот мотор генерира голема количина топлина, низ системот за ладење при полно оптоварување циркулираат дури 800 литри антифриз во минута. Овој автомобил доаѓа со два клуча - со стандардниот брзината му е лимитирана на 380 километри на час, додека таканаречениот брзински клуч овозможува постигнување 450 километри на час. Но, не е сé кај него така големо - багажникот му има зафатнина од скромни 44 литри а логото на маската тежина од 150 грама, од кои 140 се чисто сребро. Најинтересниот факт за Bugatti Chiron е дека просечниот негов сопственик поседува уште 42 други автомобили.

клучни зборови: занимливости, Bugatti Chiron

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 1

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе