Не возете во Грција во влечки

Објавено на 24 јули 2018 година

Не треба ниту кај нас, ама во Грција никако, да не ви преседне одморот. Имено, според прописите, возењето во влечки се смета за загрозување на безбедноста во сообраќајот за што таму не само што ќе бидете казнети 50 евра, туку и ќе ви ја одземат возачката дозвола на еден месец, а тоа веќе ќе биде доста незгодно. Причините зошто не треба да возиме во влечки (и слични обувки) кои можат лесно да се лизнат од ногата сметаме дека не треба да ги образложуваме. Англичаните, пак, сметаат и пресметале дека заради возење во влечки годишно се случуваат дури 1,4 милиони сообраќајни несреќи.

клучни зборови: занимливости

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 1

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе