Lamborghini Huracan

За 4 часа насобрал 46.000 долари казни!

Објавено на 15 август 2018 година

Да се вози Lamborghini е привилегија. Не може секој да си го дозволи, па така воопшто не чуди што еден британски турист во Дубаи ја искористил приликата од локална рент-а-кар агенција да изнајми Huracan. Тоа не би можел дома, ниту пак да го вози како што го возел бидејќи 25-годишниот Британец толку се занел што во периодот меѓу 2:31 и 6:26 часот наутро насобрал дури 46.000 долари казни, распоредени во 33 прекршоци. Скоро сите на автопатот што води покрај брегот на Персискиот залив, каде го фатила секоја можна камера поставена на него, со брзини меѓу 126 и 230 km/h.

Но, приказната тука не завршува. Имено, казните не се на негово име туку на сопственикот на возилото - агенцијата што му го изнајмила автомобилот, кој тој не го вратил туку го оставил паркиран пред еден луксузен хотел каде останал да собира прашина. Пасошот му останал како гаранција во агенцијата, но бидејќи законски тој лично не се гони, не било проблем да пријави во британската амбасада дека го загубил и сосема легално да ја напушти земјата без да плати ниту еден дирхам. Со копија од казните агенцијата побарала од властите да му биде изречена забрана за напуштање на земјата, но била одбиена. Плус на тоа, не смеат да си го соберат автомобилот назад бидејќи ќе мора да ги платат казните.

Инаку, споменатиот Ф.Х. за два дена изнајмување за жолтиот Huracan возилото платил 1.600 долари.


Lamborghini Huracan

клучни зборови: занимливости, Lamborghini Huracan

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 5

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 67,00
еуросупер 98 69,00
еуродизел Д5 64,50
биодизел Б6 65,00
течен нафтен гас 35,50
метан 39,50

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе