Најзначајна инвестиција во целата историја на компанијата

Растот на глобалната побарувачка беше повод за создавањето на новиот развојно-истражувачки центар на компанијата Nokian Tyres со кој развојот на нивните производи се доведува на ново ниво
Објавено на 21 ноември 2018 година

Причината пак не треба да се споменува - за Nokian Tyres е вообичаено постојано да се грижи за напредокот. Во освој случај предизвикан од побарувачката за врвни пневматици за изискувачки услови која доживува глобален пораст со што се јавува потреба за поголеми пневматици наменети за гломазни машини. Со цел задоволување на таа побарувачка, Nokian Heavy Tyres во 2019 година ќе изгради нов развојно-истражувачки центар во Нокиа, Финска. Овој модерен објект ќе ја забрза фазата на испитување на новите модели пневматици, со што ќе се одржи врвниот квалитет по кој компанијата Nokian Tyres е позната подолго од 120 години. „Во целата историја на компанијата ова е најзначајната инвестиција во областа на развојот на тешки пневматици“, вели менаџерот на развојно-истражувачкото одделение на Nokian Tyres, Кале Каивонен.


Новиот развојно-истражувачки центар кој ќе се простира на околу 3.500 квадратни метри е дел од значајното зголемување на производствените капацитети. Пред година дена, компанијата Nokian Heavy Tyres Ltd, која е дел од групата Nokian Tyres, одговори на растечката глобална побарувачка на пневматици преку 3-годишна инвестиција во производството, развојот и истражувањето во висина од околу 70 милиони евра, со цел зголемување на производствените капацитети за 50%. „Сé оди по план. Првата фаза на проширувањето на производствениот погон е завршена, вториот дел ќе биде подготвен за април 2019 година, а налето ќе започнеме со вградување на новата машинерија“, вели директорот на фабриката Nokian Heavy Tyres Паси Антинма.

Безгрижност во сите услови

Nokian Heavy Tyres продолжува да произведува најдобри тешки пневматици на светот и да ги опслужува сите области во кои постојат големи оптоварувања - од шумарството и земјоделието до рударството и транспортот. Во новиот развојно-истражувачки центар сите испитувања на затворено ќе се спроведуваат во ист објект во близина на производствените погони, што овозможува оптимална ефикасност на работата. „Центарот ќе биде полн модерна опрема“, вели развојниот менаџер во компанијата Nokian Heavy Tyres Мати Каунисто. „Можеме три пати да го зголемиме бројот на тестирани пневматици и да испитаме повеќе параметри за да ги услужиме нашите клиенти со највисоки стандарди“. За Nokian Tyres приоритет е целиот животен циклус на пневматиците да биде еколошки. Новите технологии во областа на развојот и истражувањата претставуваат голем чекор кон достигнувањето на висок стандард на одржливост.

Подготвени за револуција на возила без возачи

Новата модерна машинерија за тестирање во развојно-истражувачкиот центар и собирањето на сите конкретни информации ќе овозможи на компанијата Nokian Heavy Tyres да ја предводи претстојната револуција во обавувањето на тешки работи. Новите иновации ќе овозможат развој на револуционерни решенија во иднина. На пример, за безбедно и предвидливо движење без учество на возач, системот за управување на возилото наметнува поголеми барања на индустријата на пневматици. „Тракторите без возач ќе работат меѓу нас во иднина и на тие машини ѝ се потребни врвни пневматици, а на нас како индустрија сеопфатни податоци за нив за да управувањето биде безбедно и прецизно“, вели Каунисто.

клучни зборови: занимливости, Nokian

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе