На Daimler му се заканува казна од 3,75 милијарди евра

Германија се закани на Daimler групацијата со казна од 3,75 милијарди евра заради возила со дизел агрегат кои наводно поседуваат уред за лажење на тестовите за штетни емисии во издувните гасови
Објавено на 4 јуни 2018 година

Германските медиуми објавија дека германскиот министер за сообраќај Андреас Шојер го испрашувал шефот на Daimler Дитер Цече за возилата на Mercedes-Benz на кои неодамна е пронајден илегален софтвер. Шефот на производителот од Штутгарт е повикан на приватен разговор за да одговори на прашањата во врска со неправилностите откриени во комбито Mercedes-Benz Vito од страна на германското регулаторно тело KBA. Како се наведува, овој германски сообраќајни орган му наложи на Daimler да го повлече моделот Vito кој поседува дизел агрегат од 1,6 литри со потекло од Renault. Претставниците на Daimler изјавија дека ќе се жалат против одлуката на KBA со која овој софтвер е класификуван како нелегален, па дури и дека правдата ќе ја побараат преку суд ако тоа биде неопходно. Посебно затоа што постојат наводи дека и дизел агрегатите во C-класата исто така не се во согласност со стандардите за емисиите на штетни гасови. Имено, Шојер изјави дека постојат шанси дури 750.000 возила од Mercedes да поседуваат софтвер за лажирање на тестовите за емисиите за штетни гасови, така што висината на казната за Daimler која изнесува до 5.000 евра по возило, би можела да се искачи до 3,75 милијарди евра. Сепак, пред било што да се случи, ќе се одржи уште една средба на министерот Шојер со Цече.

клучни зборови: занимливости, Mercedes

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 2

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе