Peugeot e-Legend

Многу аргументи за

Електричниот потсетник на 504 Coupe го стресе градот на светлината
Објавено на 2 октомври 2018 година

Постојат многу аргументи Peugeot e-Legend да биде прогласен за ѕвезда на салонот на автомобилите во Париз. Тој со својот ретро но сепак модерен шарм едноставно го стресе градот на светлината, потсетувајќи ги сите дека Peugeot како една од најстарите автомобилски марки има богата историја. Богата и помалку заборавена, која за жал, нема да биде наново родена кога е во прашање овој концепт. Французите засега одбиваат да го насочат кон иднината велејќи дека е само дизајнерска вежба. Навистина штета што од погоните на Peugeot нема да излезе нешто што би било еквивалент на овој концепт.


Peugeot e-Legend Затоа пак на технологиите во него веќе и е предодредена иднината. Најнапредните системи за автономно возење ќе ги вртат 19-инчните тркала таму каде ќе посакаат патниците, кои во неговата минималистички дизајнирана кабина ќе го кратат времето на патувањето со помош на големиот број дисплеи. Нив ги има точно 16 и во потполност ги имаат заменето конвенционалните команди. Електромоторите нудат 462 KS и 800 Nm кои се дистрибуираат на обете оски, а батериите од 100 kWh пред целосно да се испразнат ќе ве однесат 600 километри подалеку. После 25 минути пауза за полнење, тие ќе бидат подготвени за нови 500 километри, возејќи понекогаш и со максимална брзина од 220 km/h.


Peugeot e-Legend

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, Peugeot e-Legend

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе