Луксуз по германски

Хедонизам на тркала

објавено 19. ноември 2020

Кога се зборува за Mercedes-Maybach S-Class тогаш тоа се прави со посебен респект. Англиските мајстори за луксузни лимузини се под вистински удар бидејќи пристигна најсофистираниот Mercedes направен да даде максимум во секој аспект. Секако сега е особено погоден и препорачливо е да ве вози шофер поради подолгото меѓуоскино растојание од 18 см во споредба со долгата варијанта на Mercedes-Benz S-Class. Тоа укажува дека фокусот е на заднио дел и на патниците кои ќе седат таму. А за нив има подесување на индивидуалните седишта со интегрирана функција за масажа и греење на вратот и рамињата што се нови ставки во понудата кои ја зголемуваат удобноста. За безбедноста се грижат 18 воздушни перничиња, а на високо обучениот шофер му помага најрафинираната електроника и системи за безбедност.

Кроен за специфични купувачи кои многу добро знаат што сакаат Mercedes-Maybach S-Class може да се порача со каросерија во две бои разделени со рачно повлечена линија. Дури може да биде опремена со електрични комфорни задни врати. Со ова широките задни врати можат лесно да се отворат и затворат со мала сила. Интеграцијата во системот за инфо-забава и контрола MBUX и помош на слепи места обезбедува високо ниво на практична работа и дополнителна безбедност. Со задните врати може да се управува и од возачкото седиште – важна функција кога се вози со возач. Со активна компензација на бучавата на патот, внатрешноста на веќе многу тивката Mercedes-Maybach S-Class станува уште потивка. На сличен начин како слушалките со потиснување на бучавата, системот ги намалува несаканите звуци со ниска фреквенција користејќи контрафазни звучни бранови. За репродукција на звук се користат бас звучници на 4Д опкружувачки звучен систем Burmester. Можеме да пишуваме на долго и на широко за сите остварувања кои ги има во врвната лимузина. Ќе додадеме дека за движењето се задолжени посилните мотори засилени со хибриден систем кој ќе учествува со 15 коњи во вкупната сила. Дека вреди да се инвестира во неа зборуваат фактите. Mercedes-Maybach S-Class откако е претставена во 2015 година ја купиле 60.000 купувачи додека лани месечното производство достигна 700 возила месечно од кои 600 за Кина. Затоа ве оставаме да уживате во фотографиите.

 

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER