Се крчка за Минхен?!

Првата електрична верзија на иконската G-Klass ќе се вика EQG

објавено 04. август 2021

Во пресрет на саемот во Минхен помалку и дозирано истекуваат информациите за премиерите што ќе следат. Една од највозбудливите е најавата на електричната „теренска коцка“ која има култен статус меѓу љубителите на теренците. Ова сé уште не е официјално потврдено, но каде има огин има и чад. Првично ќе бидат достапни најмалку две верзии и тоа EQG 560 и EQG 580. Според доверливи извори врвниот модел би доаѓал со 522 КС и батерија од 108 kWh. Нормално, ќе има погон на сите четири тркала, вклучувајќи го и моделот 560, што не се случува кај EQS, донаторот на електричниот погон за EQG.

Поради формата на каросеријата  и високата фронтална површина ќе има помал дострел но не би требало да биде помал од 500 километри во WLTP циклусот на возење. На крајот на краиштата потрошувачката никогаш не била тема на разговор на сопствениците на G-Klass, а тоа нема да се промени ниту за идниот EQG. Доколку се случи бонус премиерата во Минхен, бидејќи официјално е потврдена само EQE додека неизвесно е откривањето на EQB, „електричната теренска коцка“ може да стигне на пазарот веќе во 2022 година, но други поумерени извори тврдат дека тоа ќе се случи дури во 2024 година по цена од околу 130.000 евра во Германија што не е евтино, но ништо изненадувачки.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER