McLaren со нов акционер

Сосема случајно, овој настан се поклопи со моментот кога McLaren објави дека го произвел 15-илјадитиот автомобил
Објавено на 30 мај 2018 година

Една трансакција го изненади автомобилскиот свет - канадски бизнисмен откупи 10 отсто од акциите на McLaren групата. Тој за нив плати сериозни 204 милиони фунти, кои на британската компанија ќе ѝ обезбедат помалку главоболки во реализирањето на амбициозните развојни планови. Станува збор за Мајкл Латифи кој е сосема непознат во авто-индустријата, но затоа неговиот син Николас е добро познат во спортските кругови како тест-возач на Force India. А бидејќи во состав на McLaren групата е и формула 1 тимот, оваа вест веднаш доби 
поинакво светло. Британците сепак тврдат дека тоа што Латифи сега е сериозен акционер не значи и дека купил местото за својот син во болидите на тимот кој мака мачи да врати барем дел од некогашната слава. Најголем акционер во McLaren и понатаму останува кралското семејство од Бахреин со 56 отсто, после кое следат TAG групата со 14 отсто и уште четири помали акционери кои заедно држат 20 отсто. Влегувањето на Латифи во сопственичката структура на McLaren е најзначајната промена од 2016-та година, кога нејзиниот основач Рон Денис практично беше набркан од другите сопственици.

McLaren групата важи за една од технички најнапредните компании на денешницата која обединува спортски активности, развој на нови технологии и производство на врвни автомобили. За жал, отсекогаш мака мачела со обезбедувањето доволно средства за стабилен долгорочен развој.

клучни зборови: занимливости, McLaren

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 72,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 32,50
метан 38,00

Фото галерии