Mazda стигна до 50.000.000

И тоа само во Јапонија!
Објавено на 29 мај 2018 година

Во светски рамки Mazda не се смета за голем производител но нејзините достигнувања се и светски, и големи. Неодамна корпорацијата во типичен јапонски стил објави дека го произвела 50-милионитиот автомобил во својата матична земја. Настанот беше одбележан со скромна церемонија, најверојатно да не им се одзема од времето на работниците на монтажната лента во фабриката Хофу. Оваа фабрика е една од поновите и во неа се произведуваат Mazda3 и Mazda6. Најстарата фабрика е оддалечена од неа околу 90 километри во добро познатата ни Хирошима. Таа датира од 1931 година, кога Mazda го произведе својот прв камионет со три тркала. А оттогаш поминаа 87 години, од кои повеќето беа бурни. Во историјата на марката посебно ќе биде запаметена 1960-тата кога започна производството на мини-купето R360, со кое беше означен храбриот влез во производството на патнички автомобили.

Денес Mazda на купувачите им испорачува повеќе од 1,6 милиони возила годишно. План е достигнување на бројката од 2 милиони, кои ќе излегуваат од 13-те фабрики на компанијата ширум светот. Само три од нив се во Јапонија, додека другите се расфрлани насекаде низ светските меридијани - во останатите азиски земји вкупно 4, во Северна и Јужна Америка по две и во Кина и Русија по една. Во Европа Mazda нема своја фабрика, но продава по околу 230 илјади возила годишно. Нешто посилна е продажбата на северно-американскиот континент, но сепак најмногу се продава во Кина. Интересен факт е дека на сите пазари најбарани модели се кросоверите CX-3 и CX-5. Иднината Mazda сепак ја гледа и во автомобилите од другите класи. Најмногу интригира употребата на ванкел-технологијата, но засега мора да се воздржиме од било какви најави или коментари.

клучни зборови: занимливости, Mazda

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 62,50
биодизел Б6 63,00
течен нафтен гас 32,50
метан 38,00

Фото галерии