Манчестер Јунајтед и цените на горивата кај нас

Објавено на 14 мај 2018 година

Каква врска има Манчестер Јунајтед со цените на горивата кај нас? Голема, верувајте. Да се натпреваруваше нашата регулаторната комисија за енергетика заедно со британскиот премиум-лигаш, ќе имаше подобар скор од него - цените на горивата кај нас се билдаат побрзо отколку што Манчестер Јунајтед ниже бодови на своето салдо. Во својот најнов јуриш на противничката мрежа, регулаторната комисија за енергетика постигна три погодоци - два кај бензинот и еден кај дизелот, така што од утре за литар еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 71,50 денари, за еуросупер БС-98 по 73,50 а за литар еуродизел Д-Е V по 63 денари. За овој јуриш на нашите антимонополски регулатори најзаслужни се судиите делегирани од светските берзи, каде просечната цена на суровата нафта во изминатиот 14-то дневен период порасна за 1,68%, курсот на денарот во однос на доларот за 3,49% а референтните цени на нафтените деривати кај бензинот за 2,45% и кај дизелот за 1,03%.

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 2

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе