Porsche 911

Малку повеќе од тоа што сите сакаат да биде

Дојде и тој момент - Porsche ја претстави новата генерација на 911
Објавено на 28 ноември 2018 година

„Porsche ја претстави новата генерација на 911“ - ова е насловот кој денеска ќе се најде на сите светски медиуми. Претставувањето на нова генерација на Porsche 911 е нешто што никој не може да не го одбележи. Германците посебно го искористија моментот закажувајќи ја неговата премиера на американско тло - таму каде парите се најмал проблем. Така, Лос Анџелес ѝ посака добредојде на 992 верзија на 911 чии разлики во дизајнот ќе ги забележат само добрите познавачи на моделот. Другите веднаш ќе кажат дека се работи за легендата, која веќе 55 години ги креира барањата на купувачите на спортски возила.


Porsche 911 Но ако како и секогаш досега изгледот не се драматично разликува од претходникот, најголемите измени се под кожата. Во фокусот се новите технологии, заради што и Porsche ќе каже дека новиот 911 е помоќен, побрз и подигитален. Ние ќе ги прескокнеме дигиталните и ќе се задржиме на физичките корекции, кои кажуваат дена новиот 911 Carrera сега има мотор со 385, а Carrera S со 450 коњски сили. Тука ќе запреме со опишувањето на новиот 911, бидејќи за него уште ќе зборуваме.


Porsche 911

 

Видео

клучни зборови: новитети, видео, Porsche 911

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе