Peugeot 108

Мала ѕвезда со голем сјај

Во време кога пролетта цути со сета своја убавина, Peugeot го обнови малиот 108
Објавено на 28 мај 2018 година

Нови технологии, нов мотор, свежи и прилагодени решенија - така Peugeot ги опишува измените направени кај малиот 108 за кој вели дека сјае како голема ѕвезда. Наменет за помладата популација, нив најмногу ќе ги интересира тоа што 108 сега на располагање им е со MirrorLink, Android Auto и Apple CarPlay, 7-инчен екран чувствителен на допир, задна камера, препознавање на сообраќајните знаци, Keyless Entry&Go, систем за автоматско 
Peugeot 108запирање, предупредување за промена на коловозната лента, Hill Start Assist… Додадени се нови бои во палетата кои можат да се комбинираат со црн покрив и ретровизори, а нови колорни опции има и за внатрешноста. Моторот е трицилиндричен еднолитарски со старт-стоп систем и плус 4 коњски сили, така што сега ги има вкупно 72. Троши просечни 3,8 литри на 100 километри, ги задоволува Еуро 6.C нормите, а може да се комбинира со петстепен мануелен или автоматски менувач.


Peugeot 108

клучни зборови: новитети, Peugeot 108

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 37

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 73,50
еуросупер 98 75,50
еуродизел Д5 65,00
биодизел Б6 65,50
течен нафтен гас 32,50
метан 33,00

Фото галерии