Lexus LC 500 – Каизен на дело

Top News Вести

Lexus повторно го избруси LC 500

За да го зголеми задоволството во возењето направени се подобрувања за сите сетила.

објавено 11 август 2020

Кога е во прашање Lexus прва асоцијација е квалитет и одлична завршна изработка. Со последното обновување луксузното купето доби изменета суспензија и се намали тежината користејќи алуминиумски делови, полесни, шупливи стабилизатори и нови композитни материјали со висока јачина. Со тоа се намали вкупната тежина за десет килограми со што се подобруваат перформансите.

Во игра остана автоматскиот десет степен менувач кој сега е дотеран на работењето во „активната зона“ – опсегот на оптоварување на моторот помеѓу 50 и 70 проценти што најчесто се користи при возење. За да се зголеми чувството на забрзување пред да се префрли во следниот пренос, менувачот овозможува брзината на моторот да се зголеми во овој опсег. Звукот на моторот V8 сега е уште попродорен, особено од 4000 вртежи во минута.

Повеќестепениот хибриден погонски систем е исто така оптимизиран за LC 500h. Батеријата од литиум јон доби нова контролна единица. што треба да обезбеди поголемо забрзување во урбаните области и на отворен пат. Дури и со умерен притисок врз педалата за забрзување, според Lexus, се создава поголем вртежен момент за 90 Nm. Енергијата на батеријата е зголемeна на 17 kW. Овие дотерувања не би требало многу да влијаат на цената која се очекува да се корегира за 4%.