Лебедова песна

Објавено на 13 август 2018 година

Производителите ги повлекуваат, но купувачите ги бараат - продажба на нови возила во Европа во јули порасна за 9,1 отсто непосредно пред стапувањето на сила на новата процедура за мерење на потрошувачката и издувните гасови. Таа е причина дел од моделите, посебно помоќните нивни верзии, предвреме да заминат во пензија а друг дел да загубат на својата сила. Но и едните и другите загубија на цената бидејќи производителите сакаат што побргу да се ослободат од нив - за да не им се мешаат во математиката во иднина. Тоа секако го привлече вниманието на купувачите - меѓу петте најголеми пазари најмногу во Франција и Шпанија, каде овој јули ги имаше за 19% повеќе во споредба со ланскиот. Германци со нов автомобил се подновија за 12% повеќе, а Италијанците останаа имуни на звуците на лебедовата песна - забележаа само 4,4% повеќе нови регистрации. Англичаните пак топ не ги бие - едвај 1,2% повеќе од нив забележаа дека има интересни понуди на пазарот.

Постојат големи сомнежи дали и август реално ќе биде таков. Пораст се очекува, од истата причина но на друг начин - сé повеќе е присутна појавата на „саморегистрирање“ на возилата, кога дилерите пред некоја промена на прописите на свое име ги регистрираат непродадените автомобили а потоа ги продаваат на купувачите, официјално како половни. Прашање е само колку пари ќе имаат на тој начин да го зголемат „својот“ возен парк.

Според анализите, пазарот на нови возила во Европа годинава се очекува да порасне за 1,6%.

клучни зборови: занимливости

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 72,50
еуросупер 98 74,00
еуродизел Д5 66,00
биодизел Б6 66,50
течен нафтен гас 34,00
метан 38,00

Фото галерии