Land Rover Defender

насловна

Доказ дека е оној вистинскиот (видео)

Се ближи премиерата на новиот Land Rover Defender, кој ги завршува своите последни тестирања

Објавено на 7 август 2019 година

Настанат како неопходна алатка за возобновување на од втората светска војна разурнатото британско општество, се сметаше дека Land Rover Defender со своите карактеристики е единствен и ништо не може да го замени – освен самиот тој. Така и беше цели седум децении, колку што практично овој модел живееше, но дојде друго време и инженерите на Jaguar Land Rover покажаа дека не само што можат да направат замена за теренската легенда, туку таа да биде и подобра. Премиерата на новиот Land Rover Defender се ближи, што значи дека тој ги завршува своите последни тестирања. Ова е видео записот од нив, кој потврдува дека новиот Land Rover Defender ќе биде оној вистинскиот.

Видео