Крунисан автомобилот на годината во Македонија

Објавено на 10 мај 2018 година

Променливите временски услови не ги спречија бројните љубители на автомобилизмот и пријатели на марката да дојдат и да го поздрават годинешниот носител на титулата „Автомобил на годината во Македонија“. Со три гласа од националното жири, Dacia Duster неа ја освои во остра конкуренција на уште девет финалисти - Suzuki Swift, Seat Ibiza, BMW X3, Ford Fiesta, Opel Insignia, Kia Stinger, Nissan Micra, Citroen C3 Aircross и Kia Stonic. Еден глас доби Fiesta, а Insignia беше изборот на импортерите чиј глас се броеше како петти. Согласно правилникот за работа и критериумите на изборот, автомобилот на годината во Македонија се бира меѓу новите модели пристигнати на нашиот пазар помеѓу два избора. 
Во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, основачот и прв негов претседател, жирито реши од оваа година да воведе и признание „Томислав Биљарац“. Честа прв да ја добие оваа награда која ќе се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија ја имаше Владо Воиновски од Еуроимпекс. Најуспешни марки во досегашните 23 избори се Opel, Škoda, Seat и Kia со по три освоени титули.

клучни зборови: Македонија, Dacia Duster

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 2

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе