Bugatti Divo

Крал по раѓање

Мислевме дека Bugatti Chiron е кралот, но тој само му го чувал тронот на Divo
Објавено на 25 август 2018 година

Ниту зборот хипер веќе не е доволен за Bugatti Divo - тој најдобро се опишува со бројки, а не со зборови. Сепак за најновиот модел на марката кој своето име го има добиено според францускиот возач Алберт Диво мора да се кажат и неколку збора.


Bugatti Divo Во хиперлативи, се разбира, колку тоа да не е доволно. Самиот факт дека е специјална изведба на Chiron кажува доста за него. Се разликува по дотераниот стајлинг со потполно нов преден дел со тенки ЛЕД светла и големи отвори за воздух низ кои дише истата атомска W16 централа од осум литри и 1.500 хибридни коњски сили. Нивното искористување е подобрено со оптимизираната аеродинамика која создава за 90 kg поголема сила на прилепување во однос на Chiron и модификуваното ослонување. Тоа, заедно со подобрената управливост, побрзиот менувач и за 35 kg помалата тежина резултираа со за 8 секунди побрз круг на патеката Нардо во Италија.

Максималната брзина му е ограничена на само 380 километри на час, а производството на 40 примероци, сите со цена од 5 милиони евра.


Bugatti Divo

 

Видео

клучни зборови: новитети, видео, Bugatti Divo

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 72,50
еуросупер 98 74,00
еуродизел Д5 66,00
биодизел Б6 66,50
течен нафтен гас 34,00
метан 38,00

Фото галерии