BMW Vision iNext

Комплетен увид во иднината

Премиера на електричен концепт во Лос Анџелес имаше и BMW, но баварскиот модел беше кросовер голем колку X5
Објавено на 4 декември 2018 година

Замислен да понуди увид во иднината, BMW Vision iNext концептот го симболизира почетокот на нова ера во задоволството во возењето. Со него BMW ги претставува клучните елементи на кои ќе се фокусира во развојот - технологиите, дизајнот и нови начини на размислување. Значењето на овој концепт е и во тоа што за прв пат сите стратешки иновации на BMW се вградени во едно возило. Сé уште е далеку од сериското производство планирано за 2021 година, до кога ќе треба да се навикнеме на изгледот за кој неговите креатори велат дека е свртен кон човекот. Не ни е сосема јасно што сакаат со тоа да кажат, но факт е дека со своите силни линии Vision iNext предизвикува емоции. Кога зборуваат пак за внатрешноста, имаат сосема право дека во иднина возачите ќе имаат слобода да одлучат како ќе сакаат да го искористат времето поминато во патување. Дизајнот и самата организација на кабината ќе станат поважни и затоа овој концепт е создаден како мобилен простор во кој можеме да бидеме опуштени. За тоа ќе се грижат паметните технологии интегрирани надвор од видокругот на возачот. Ќе се активираат сами кога за тоа ќе има потреба, без притискање на копчиња или допирање разни екрани.

 

Видео

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, видео, BMW Vision iNext

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе