Ќе ги бричи ли Цече мустаќите?

Германските медиуми наголемо известуваат дека и Mercedes лажел со дизел моторите
Објавено на 12 јуни 2018 година

Германскиот гигант Daimler се најде под жестоки удари заради лажењето при тестовите за емисиите на штетни гасови во дизел моторите. Откако властите наложија повлекување на употребата на 1,6 литарскиот дизел агрегат во Vito, следеа нови сознанија дека и кај други агрегати се користени најмалку пет различни решенија за манипулирање со резултатите од тестовите. Овие информации официјално доста претпазливо се дозираат, но медиумите повикувајќи се на сопствени извори од германската федерална управа за сообраќај KBA пренесуваат дека проблемот е доста подлабок отколку што се наведува. Според нив наводно неколку Еуро 6 дизел агрегати на овој производител кои се наоѓаат во најмалку милион возила емитуваат повеќе штетни гасови од она што го дозволуваат прописите. Mercedes-Benz реагираше со повлекување на спорните верзии на Vito во Германија, но и со жалба против наредбата на KBA.

Во очекување на развојот на настаните за кој се споменува повлекување на повеќе од 600.000 возила од C и G класата и казни од по 5.000 евра за секој автомобил, акциите на Daimler започнаа да тонат. Засега благо - за само 1,76 отсто, но можеби Цече ќе мора да ги избричи мустаќите.

клучни зборови: занимливости, Mercedes

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 72,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 32,50
метан 38,00

Фото галерии