Kia Stinger

Kia за австралиската полиција

3,3 литарски твин-турбо V6 мотор со 365 KS, 8-степен автоматски менувач, погон на сите тркала…
Објавено на 10 јули 2018 година

Интересен избор, мора да признаеме - полицијата на австралиската сојузна држава Квинсленд ќе ги брка криминалците со возила на Kia. Но не било какви, туку најбрзите - набавени се 50 примероци од ултимативниот Stinger задвижуван со 3,3 литарски твин-турбо V6 мотор со 365 коњи. Во служба на законот и редот нив ќе ги кротат осумстепениот автоматски 
Kia Stingerменувач и погонот на сите тркала. Полицајците од кралските земји на Австралија за овој автомобил имаат само пофални зборови. А како и не би, кога до 100 на час забрзува за 4,9 секунди. Плус на тоа привлекува внимание со својата појава, така што не треба да чуди што оваа вест го обиколи светот. Претставниците на Kia за Австралија изјавија дека и полициските сили на другите сојузни држави исто така се заинтересирале за Stinger откако нивните колеги од Квинсленд го воведоа во служба.

Вообичаени полициски возила во Австралија се (или поточно беа) големите V8 машини со погон на задните тркала произведени од Holden и Ford.


Kia Stinger

клучни зборови: занимливости, Kia Stinger

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 1

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе