KIA Stinger – засилен карактер

Top News Новитети

Бодежот наострен

Промените направени на Stinger се во смер на засилување на гран туризмо ориентацијата

објавено 12 август 2020

Времето бргу поминува. Додека се свртевме дојде часот на рестилизирањето на купето со четири врати Stinger. Уште кога се појави, многумина го препознаа како дирекна закана на сличните остварувања од премиум сегментот, особено германските. И не беа далеку од вистината бидејќи осем спортската ориентација KIA ја нагласи својата подготвеност да пружи материјали со висок квалитет и примамлив амбиент во внатрешноста.

Корпоративниот смер е силно утврден, па промените кои се направени се минимални, но вистински. Токму толкави за да се избалансираат формите и да се поправат позициите кои беа на удар на блага критика. За да се задржи мускулозната појава на  надворешноста маската на ладилникот е сместена помеѓу ново дизајнирани LED светла. На задниот дел применет е истиот рецепт на менување на светлосните групи кои заедно со задниот спојлер оставаат силен впечаток заедно со трепкачите формирани од десет индивидуални LED единици. Купувачите на посилните изведби ќе можат да се одвојат од останатите со сјајните издувни цевки грижливо сместени во браникот и нагласениот дифузор. Каросеријата е поставена на нови 18 и 19 инчни геометриски дизајнирани тркала кои го засилуваат гран туризмо карактерот на автомобилот.  Промените нема да се комплетни доколку нема адекватни зафати во внатрешноста. Рака на срце тие се минимални и се однесуваат на подобрување на амбиентот бидејќи комфорот и ергономијата се задржани.. Визуелните и интервенциите во материјалите имаат посилен отисок на луксуз. Воланот доби металик завршница, инструмент таблата се оцртува на седум инчен колор дисплеј, додека централната конзола и вратите добија обрабување со забележливи шавови. Исто така, централната конзола е достапна во алуминиумска или со јагленородни влакна завршница. На врвот е поставен новиот 10,25 инчен дисплеј на инфо-забавниот и навигацијски систем додека за амбиентот во кабината се грижи осветлувањето кое има 64 варијации. Повеќе детали околу моторизацијата и хибридизацијата ќе се знаат наскоро, веќе во првата половина на септември,  кога треба да започне комерцијализацијата на одредени пазари. Во Македонија обновениот Stinger би требало да пристигне до крајот на годинава.