Ford Focus Active Wagon

Караван за авантуристи

Ford го претстави Focus Active Wagon кој е повисок и поробусен од стандардниот караван но нема погон на сите тркала
Објавено на 22 ноември 2018 година

Што да се прави кога кросоверите се толку популарни, а во понудата се нема соодветно возило? Ford го има решението во облик на Active изведбите на класичните модели. Така, после Ka+ и Fiesta во вакво пакување е претставена и новата генерација на Focus. 
Ford Focus Active WagonОснова е караванската верзија од која има поголем клиренс за 30 милиметри напред и 34 назад и на пазарот ќе се најде под ознаката Ford Focus Active Wagon. Како што од вакво возило се очекува каросеријата е обрабена со црни пластични заштити и алуминиумски инсерти, а погонот на сите тркала кои се од 17 и 18 инчни изостанува. Него го заменува електрониката која има пет режими на работа, од кои два посебно се наменети за возење по лизгави патишта и на терен.

Focus Active Wagon ќе се нуди со четири мотори, два бензинци и два дизела со моќност меѓу 120 и 150 коњски сили. Трансмисијата е 6-степена мануелна или 8-степена автоматска, а внатрешноста и опременоста во однос на обичните верзии не се менувани.


Ford Focus Active Wagon

клучни зборови: новитети, Ford Focus

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе