IONIQ – самостојно на пазарот

Top News Новитети

Три нови модели на струја

Hyundai ги одвојува електричните возила од своето официјално портфолио правејќи нов бренд под познатото име Ioniq.

објавено 13 август 2020

Првиот електрифициран автомобил со знакот на Hyundai се појави 2016 година. Неговото име сега послужи како носител на новиот бренд на компанијата за електрични автомобили. Овој потег не е неочекуван доколку се земе во предвид дека Јужно Корејската компанија веќе има одвоена марка на луксузни возила Genesis. Во наредните четири години ќе бидат објавени три нови модели со логото на новата марка. Тие ќе носат броеви наместо имиња, така што Ioniq 5 првично ќе биде CUV (крос-овер корисно возило) со средна големина. Новото возило за кросовер е базирано на концептното возило 45 од 2019 година. Спортскиот седан Ioniq 6 е заснован на студијата „Пророштво“, и планиран е за производство за 2022 година. Конечно, бројот 7 е големо спортско-корисно возило кое треба да дебитира во 2024 година. Сите три најавени модели на Ioniq ќе бидат поставени на новата „Електрична глобална модуларна платформа“ (E-GMP), која ќе овозможи брзо полнење на високонапонската батерија и треба да понуди долг дострел. Покрај тоа, новиот дизајнерски јазик на Hyundai за интериерот најавува за простор што ќе биде „интелигентна дневна соба“ со прилагодливи седишта, безжично поврзување и детали, како што е делот за ракавици дизајниран како фиока.