Ralf Speth

Интервју со Ралф Шпет

Разговаравме со Ралф Шпет, првиот човек на Jaguar Land Rover, кој со нас несебично ги сподели своите мислења и ставовите на британската компанија за многу работи
Објавено на 15 септември 2017 година
разговорот го водеше: Крумислав Барзов

Господине Шпет, порано споменувавте пополнување на пазарните празнини. Дали со E-Pace ги пополнивте?

Не баш сите празнини, но мислам дека имаме обемна и доста атрактивна програма. Имаме нов предизвикувачки модел, традиционални модели, креативен инженеринг, мислам дека имаме доста атрактивно портфолио. Не би рекол дека имаме производ во секој сегмент, но се прошируваме. На пример со новиот електричен модел, но исто така и со новите мотори со внатрешно согорување од Ingenium семејството за кои сметаме дека се доста атрактивни.


Ralf Speth Дали E-Pace е директен конкурент на Porsche Macan или пак на постарите германски премиум модели како GLC и сличните?

E-Pace не е конкурент на никого, тој е самостоен модел кој зборува сам за себе. Погледнете го - изгледа прекрасно. Ентериерот е со последните технологии, а екстериерот има елементи од i-Pace. Тоа е многу добра комбинација за едно компактно возило, а со Ingenium гамата мотори, дизел и бензински, мислам дека се пет, имаме доста атрактивен производ. Со i-Pace пак, кој ќе се појави на пазарот наредната година, ќе навлеземе и во електрификацијата. За него уште сега треба да се застане во ред.

Jaguar Land Rover е компанија добро позната по перформансите на своите возила. Сега е ера на електричните возила. Кои се вашите планови за иднината? Некои производители сакаат да електрифицираат половина од гамата, други пак секој модел да го понудат и како електричен, и тоа во наредните неколку години. Кое е вашето мислење за ваквата промена на технологиите? Која всушност е иднината на електрификацијата?

Веќе најавивме дека после две илјади и дваесеттата секој наш клиент ќе може да одбере од нашето портфолио и чисто електричен модел. Но, електрификацијата не значи и дека секое возило ќе биде електрично, туку може да биде обичен или plug-in хибрид. Мислам дека иднината оди во таа насока. Во врска со второто прашање, сите живееме на иста планета. И тоа ќе биде одење како на двобој. Промената на веќе етаблираните технологии ќе чини стотици милијарди во инфраструктура, логистика. „Мораме да ја електрифицираме иднината но и да бидеме сигурни дека не ги правиме промените само за да ги има, туку со нив да добиеме и дополнителна вредност“Затоа мораме да бидеме сигурни дека на среден и долг рок напредокот оди во вистински правец. Во овој момент некои елементи како батериите, не се многу напредни. Но ако го надградиме денешното знаење, бидејќи никој не знае што ќе измислиме утре, вклучувајќи го и производствениот процес на батериите и хемиските компоненти, тогаш ќе сфатиме дека иднината ќе биде електрична. Јас сум сосема уверен дека го можеме тоа иако електрификацијата е ахилова пета - сите добро го знаеме тоа. Но ако го анализирате развојот во последните години, ќе сфатите дека цената на батериите веќе се намалува, а капацитетот зголемува. Да се зголеми нивната ефикасност и да се намалат габаритите е предизвикот за во иднина. Насекаде низ светот инженери од сите области работат на овој проблем. Тоа значи дека ќе добиеме нови иновативни елементи, нова хемија, нов термички менаџмент, нова електроника, инвертори… Електрификацијата е правецот во кој треба да одиме, иако ќе бидеме ранливи. Но во исто време мораме да бидеме свесни дека моторите со внатрешно согорување ќе бидат сé уште тука со години и генерации, дека оваа сегашност сé уште има потенцијал. Тоа значи дека паралелно мора да одиме по два пата, да ги подобриме и рафинираме моторите со внатрешно согорување, а од друга страна да работиме на електричното поле.

клучни зборови: ексклузивно, Jaguar Land Rover

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X5

    Поголем, полуксузен, поатрактивен

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 72,00
еуросупер 98 74,00
еуродизел Д5 64,00
биодизел Б6 64,50
течен нафтен гас 32,50
метан 35,00

Фото галерии