Opel Corsa GSi

Името е битно, нели?!

Името е битно - ние тоа најдобро го знаеме, затоа и ни беше малку чудно што при лансирањето на Corsa пред три ипол години беа прескокнати некои нејзини варијанти
Објавено на 18 мај 2018 година

Неправдата према купувачите е исправена - Opel од летово ќе ја понуди Corsa GSi со механика од ултимативната OPC верзија. Разликата меѓу нив нималку не е наивна - додека OPC располага со 207 коњски сили, идната Corsa GSi ќе има 150-те коњи извлечени од 1,4 литарскиот мотор од Sport верзијата. Но затоа сé друго на неа ќе биде како што треба - системите за ослонување и сопирање ќе бидат бескромпромисни, а дизајнот практично идентичен. Тоа значи и поголеми всисници за воздух и хромирани издувни цевки, како и Recaro седишта, спортски управувач и алуминиумски педали во внатрешноста. За пренос на силината е задолжен шестстепен мануелен менувач, со кој ако вешто ракувате ќе ве однесе до 100 на час за 8,9 секунди. Тоа е за здрави 2,1 секунди помалку од динамична OPC изведба, која е побрза и за цели 23 километри на час. Заради тоа не можеме да кажеме дека ќе биде џебна ракета, но разликата во цената која се очекува да биде за повеќе од пет илјади евра помала ги оправдува достигнувањата. Посебно затоа што Corsa GSi на кривулести патишта ќе биде вистински ѕвер - агилноста на недоволно истражениот турбо мотор треба да понуди одлична забава во возењето.

Чистото спортско доживување и понатаму ќе биде ексклузивно резервирано за OPC изведбата на Corsa но сигурни сме дека враќањето на GSi ознаката после триесеттина години, кај купувачите ќе разживее агресивност за која не биле свесни.


Opel Corsa GSi

клучни зборови: новитети, Opel Corsa GSi

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии