Има ли надеж за дизелите?

Продажбата на дизели се намалува, а тие сé повеќе паѓаат во немилост на производителите, но сепак надеж за нив има
Објавено на 9 мај 2018 година

Според податоците за продажба на возила, во првиот квартал во Европа учеството на дизелите е намалено за 17% во споредба со истиот период лани. Тенденцијата е поразителна, но за нив сé уште има надеж - додека производителите еден по еден фалејќи се ги фрлаат во ропоратницата на историјата, Bosch развива нова технологија која може да го реши нивниот проблем со штетните материи во издувните гасови, ако не со сите барем со дел од нив. Тие велат дека нивното решение за почисти дизел мотори не само што ќе ги спаси од пропаст, туку еднаш засекогаш ќе стави крај и на приказните за тоа. „Дизелот има иднина“ - изјави главниот директор на Bosch д-р Волкмар Денер, истакнувајќи дека новите достигнувања овозможуваат намалување на емисиите на азотни оксиди во драстична мерка. Интересно е тоа што овие резултати не се постигнати со нешто сосема ново туку со усовршување на веќе постоечките технологии, 
без потреба за дополнителни компоненти кои би ги зголемиле трошоците. Техничките детали како е постигнато тоа не се во целост објавени, но тоа не е ни битно - она што е, е дека според европското законодавство од годинава е пропишано новите модели на автомобили да емитуваат најмногу 168 милиграми азотни оксиди на километар, бројка која од 2020 година ќе се намали на 120, а возилата опремени со споменатата дизел технологија на Bosch емитуваат само 13 милиграми.

клучни зборови: занимливости

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 2

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе