ID.4 – VW во електрична офанзива

Вести Новитети

Еволуција на “електричниот дизајн”

Изгледот не е само во функција на естетиката

објавено 29. август 2020

Започнувањето на производството на вториот потполно електричен Volkswagen во фабриката во Цвикау го потенцира не само технолошкиот моментум на овој тип возила. Иако се уште не се даваат официјални фотографии од новиот производ не е тајна дека се работи за компактно спортско-корисно возило кое има дизајн прикладен на корпорацискиот но акцентот е ставен на органските форми кои ќе владеат во дизајнерскиот јазик на идните модели на компанијата.

Кај електричните возила најбитна е автономијата, а важен дел од достигнувањето што поголема искористливост на енергијата е аеродинамиката. Токмму поради тоа на каросеријата се забележливи линии кои формираат чисти површини пресудни за намалувањето на отпорот на воздухот. Впечатокот на самоувереност што го остава ID4 се должи на претопот помеѓу површините и острите рабови. Постигнатата аеродинамика има коефициент од 0,28 што преставува најдобро остварување во класата. Како дел од стратегијата ”Трансформирај 2025+” Volkswagen ќе инвестира 11 милијарди евра во електричната мобилност до 2024 година. Првото електрично спортско-корисно возило е второ од семејството на електрични возила базирани на модуларната основа за електрификација на возилата (МЕВ) која овозможува просторна внатрешност благодарение на компактниот електричен погон. Батериите  сместени се во долниот дел на подот формираат ниско тежиште, подобри возни својства и добра распределеност на тежината на оските. ID4 ќе се произведува и продава во Европа и Кина, а подоцна и во САД. Кога ќе биде официјално претставено електричното спортско-корисно возило ќе има погон на задните тркала додека верзијата со погон на сите тркала ќе се придружи во следната фаза. Благодарение на малиот отпор на воздухот и моќните батерии автономијата може да ја надмине границата од 500 километри.