И Nissan призна: Лажевме!

Не се знае за колку возила се работи - од Nissan само рекоа дека тестовите за емисиите на штетни гасови и потрошувачката „отстапувале од пропишаните“
Објавено на 10 јули 2018 година

Со половина уста, и Nissan објави дека открил лажирани податоци на тестовите за емисиите на штетни гасови во своите погони во Јапонија. Податок за бројот засегнати автомобили со лажирани резултати не е објавен - од Nissan само наведоа дека тестовите на емисиите на штетни гасови и потрошувачката „отстапувале од пропишаните“. Додадоа и дека инспекциските извештаи се темелиле на изменетите мерни вредности и ветија полна и сеопфатна истрага. Минатата година Nissan повлече 1,2 милиони возила во матичната му земја откако од страна на регулаторите беше објавено дека сигурносните проверки не се спроведени во согласност со стандардите. Сега, пак, дополнителната истрага резултираше со актуелната објава за лажирање на податоците на тестовите за емисиите и економичноста.

клучни зборови: занимливости, Nissan

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 62,50
биодизел Б6 63,00
течен нафтен гас 32,50
метан 38,00

Фото галерии