И Fiat ја проретчува гамата

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

И Fiat ја проретчува гамата

Punto се гаси, а Tipo повлекува од европскиот пазар
Објавено на 6 јуни 2018 година

Fiat-овата понуда во Европа ќе доживее големи промени – и онака скромната гама ќе биде редуцирана. Всушност ќе се сведе само на моделите од серијата 500 и на Panda. Производството на Punto прекинува, а потврдено е дека Tipo повеќе нема да се продава во Европа. Според зборовите на шефот на Fiat Chrysler Серџо Маркјоне, производството на Tipo со мотори кои би ги задоволиле строгите ЕУ стандарди за емисиите на штетни гасови е прескапо. За Punto не мораше ништо да каже – со два рестајлинга, моделот влече корени од 2005 година. Маркјоне сепак не испушти да ги пофали оние што остануваат – лани во Европа серијата 500 е продадена во 190.389 примероци, а Panda во 187.682. Очигледно, на Fiat тоа му е доволно.

Fiat Tipo

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER