Емоционална ефикасност
Hyundai започна да ја шири својата субмарка Ioniq наменски креирана за електричните модели – после наградуваниот кросовер Ioniq 5 на ред дојде долго исчекуваниот седан од Д-сегментот со ознаката Ioniq 6. Инспириран од концептот Prophecy, го карактеризираат чисти едноставни линии и аеродинамична форма со коефициент на отпор на воздухот од 0,21 која корејските дизајнери ја опишуваат како емоционална ефикасност. Внатрешноста е обликувана со внимателност кон деталите и вредностите насочени кон човекот, користејќи одржливи материјали. Максимираниот простор е развлечен и нанапред и наназад, што го овозможи електричната E-GMP архитектура. Техничките детали засега изостанаа – ќе ги дознаеме месецов што доаѓа кога ќе бидат објавени целосните спецификации, вклучувајќи ги напредните технологии што ќе ги има.