Honda Odyssey – растура во Америка

Вести Новитети

Обновена за следните предизвици

Најпопуларното мини комбе во Америка подготвено за моделската 2021

објавено на 01.08.2020

Продажбата во САД започнува во понеделник на 3. август каде ова, по категоризација, мини комбе има место за три реда седишта и еден куп опрема, како безбедносна, така и онаа што ќе го направи престојот во кабината многу позабавен. Honda полага многу надежи во Odissey бидејќи е погоден за американскиот пазар. Во десет годишниот животен циклус успеа да се продаде во 1,1 милиони примероци и интересот за него постојано расте! Иако не спаѓа во групата најевтини во понудата, сепак  Honda Odyssey е во радарот на купувачите кои имаат потреби  семејно да патуваат и тоа да биде позитивно искуство.

Од надворешниот изглед рестилизирана е маската на ладилникот и браникот, ревидирани предните светла. Во внатрешноста зголемени се функционалноста и луксузот. Вториот ред седишта може да се спуштат така да формираат рамна површина, а исто така, можат да се отстранат по потреба за да се зголеми товарниот простор. Од електронските остварувања од перспективата на безбедноста содржани се сите расположливи на пазарот од оние што ја набљудуваат околината со цел да ги заштитат пешаците, па се до најнапредните системи за надгледување на безбедноста при возење на автопат.

Honda нагласува дека за Odyssey има развиено неколку системи кои го олеснуваат надзорот на децата и комуникацијата во самата внатрешност. Со интегрирање на CabinWatch наменет за надзор на децата е прв систем од таков вид во индустријата. Исто така за прв пат во Honda применети се системите CabinTalk кој може да се употреби симултано со иновативниот CabinWatch. Можеби следново ќе звучи премногу ”Американски” во Honda Odyssey има вградена правосмукалка која може да се нарача под шифрата HondaVAC! Odyssey се произведува и продава ексклузивно на пазарот во САД. Затоа и се произведува во фабриката во Линколн, Алабама каде се призведуваат уште четири модели за тој пазар. Моторот по архитектура V6 исто така се рпави во Алабама додека 10 степениот автоматски менувач доаѓа од сопствената фабрика од Џорџија.