Honda Insight (со видео) :: Хит што никој не го очекуваше

Хит што никој не го очекуваше

Нова Honda Insight на салонот на автомобилите во Њујорк ќе настапи како хит-модел
Објавено на 26 март 2018 година

Производството на старата Honda Insight престана во текот на летото 2014-та и затоа никој не очекуваше дека за нејзината нова генерација ќе се јави некој поголем интерес. Но уште пред започнувањето на салонот на автомобилите во Њујорк каде таа ќе биде претставена стана јасно ќе биде голем хит. Заслугата за враќањето овој модел на сцена после неколкугодишна пауза на оди на сметка на глобализацијата на производството, заради која новиот Civic нема да биде во понуда со хибриден погон. Освен тоа, Insight како сосема нов модел може да се позиционира повисоко и дури да настапува како замена на Accord во Европа. Во прилог на ова тврдење оди и фактот дека сега тој е лимузина со пет седишта и благ купе изглед, Honda Insightнаместо невпечатливиот хечбек со спуштен заден дел. Покрај поинаквиот стајлинг се одликува и со премиум карактеристики. Меѓу другото се споменуваат кожените седишта, 8-инчниот дисплеј чувствителен на допир, Apple CarPlay, Android Auto и Wi-Fi конективните можности, како и бројните системи за асистенција на возачот – одржување на возилото во коловозната лента, адаптивниот темпомат, препознавањето на сообраќајните знаци…

Унапредени се и перформансите кои ќе ги обезбедува хибридниот систем чии 151 KS и 267 Nm ги испорачува 1,5 литарскиот бензинец потпомогнат со електромотор и литиум-јонски батерии, за кој од Honda наведуваат дека за возврат ќе бара само 4,3 литри гориво на 100 km. На возачот на располагање ќе му бидат три режими на возење (Normal, Econ и Sport), а на патниците најмногу места во класата благодарејќи на меѓуоскиното растојание од 2.700 mm. Производството на новиот Insight ќе се одвива во Индијана, а продажбата ќе му стартува на почетокот на летото.

Honda Insight

видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER