Harley-Davidson Revelation

Harley-Davidson Revelation

На електрификацијата не можеше да се спротивстави ниту Harley-Davidson
Објавено на 1 јуни 2018 година

Славниот американски мото-производител Harley-Davidson објави дека ќе лансира електричен модел. Проектот е започнат пред четири години, но сé досега беше третиран како експеримент. Серискиот мотоцикл треба да се појави за 18 месеци, најверојатно под името Revelation. Злобните јазици велат дека ваквата одлука е донесена под притисок на сé помалата продажба на класичните американски машини. Заради слабите резултати од работењето Harley-Davidson го затвори погонот во Канзас Сити и отпушти 800 работници. Сепак не се сите вести лоши - половината од нив ќе се вработат во новите капацитети за производство на електричните мотоцикли. За нив засега не се објавени никакви детали освен 
Harley-Davidson Revelationдека заедно со иновативниот пристап ќе донесат и нов, сосема поинаков звук. Се прашувавме каков, бидејќи сите добро знаеме дека електричниот погон е бесшумен. Исто така знаеме и дека мотоциклите на Harley-Davidson се познати токму по бучноста и вибрациите. Но факт е дека сегашните генерации купувачи не се заинтересирани за техниката стара половина век. Така на сите им останува да се стрпат уште година ипол, кога за Harley-Davidson ќе започне нова ера.

П.С. Нема врска со текстов, но погледнете добро што на левата натколеница носи девојката од фотографијава. Механиката стара половина, па и цел век, сепак сé уште има смисла, макар и во погрешен контекст.


Harley-Davidson Revelation

клучни зборови: новитети, поглед во иднината, Harley-Davidson Revelation

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 2

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе