Горивата набилдаа плус уште еден денар

Објавено на 1 октомври 2018 година

Постреферендумски, горивата кај нас поскапеа. Се разбира, одлуката на регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија според која ќе плаќаме по еден денар повеќе нема врска со нашата преокупација во изминативе две недели, туку со движењето на берзанските цени на нафтата и дериватите во тој период. А тие, според нивното образложение, пораснаа, и тоа просечната цена на суровата нафта за 4,17%, референтните цени на бензинот за 1,21%, а на дизелот за 1,57%. Доларот по обичај поевтини - овојпат за 0,53%, но со оглед на нашите европски аспирации тоа како да немаше влијание на зголемувањето на рафинериските цени на дериватите кај нас во просек за 3,03%, а на малопродажните за 1,98% во однос на цените што досега ги плаќавме. Така, од утре, литар бензин еуросупер БС-95 ќе нé чини 73,50 денари, литар еуросупер БС-98 75 денари, а литар дизел 67 денари.

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе