Горивата, машала, поскапуваат

Top News Вести Македонија насловна

Бензините за 1,50 а дизелот за 2 денари

Каде и да сте, полнете гориво!

Објавено на 4 октомври 2021 година

Какво гориво и да користете, наполнете го резервоарот до крај – тоа ви ги порачува регулаторната комисија за енергетика која пак на пумпаџиите им наложи од ноќеска на полноќ да ни ги продаваат горивата поскапо. И тоа значително – бензините за 1,50 а дизелот за 2 денари. Конкретно, според нивната одлука базирана исклучиво на зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светските берзи, за литар бензин 95 ќе плаќаме по 73,50 а за поскапиот 98 по 75,50 денари. Литар дизел, пак, ќе нé чини по 65 денари.