Гордостите на Велика Британија

Објавено на 4 мај 2018 година

Британците имаат многу што со што се гордеат - ја имаат кралицата и принцевите, нивните родендени, свадби и крштевки, но ги имаат и Jaguar E-Pace и Range Rover Sport. Токму овие два најнови модела на премиум производителот ги пречекаа гостите на традиционалниот годишен прием што британската амбасада го организираше по повод роденденот на Нејзиното величество кралицата Елизабета Втора. Посетителите уживаа во свечената атмосфера и пријатниот амбиент, релаксирајќи од формалностите со глетката на изложените британските премиум модели. Како вистински Jaguar, целосно новиот E-Pace кој е прв компактен SUV на 
марката го красат пространата внатрешност, зголемената безбедност, пропорциите на семеен автомобил и жестоките перформанси кои инаку не се типични за едно вакво спортско корисно возило заради што се коментираше дека досега немало ваков компактен SUV. Динамичниот Range Rover Sport, пак, со своите поспортски дизајнерски идеи и моќниот мускулест став е направен да импресионира. Поотмен, подинамичен, создаден за сите оние кои вистински уживаат во возењето.

Ги возевме и двата модела - колку нé импресионираше Range Rover Sport можете да погледнете во ова видео, а за тестот на Jaguar E-Pace ќе мора да се стрпите до утре, кога најновата епизода на Авто Магазин премиерно ќе биде емитувана во 12 часот и 30 минути на телевизија Телма.

 

Видео

клучни зборови: Македонија, видео, Jaguar E-Pace, Range Rover Sport

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии