Голем бран отпуштања во Tesla

Tesla ќе отпушти повеќе од три илјади свои вработени
Објавено на 14 јуни 2018 година

Во обид да ја поврати профитабилноста, Tesla започна со преструктурирање на компанијата која предвидува отпуштање на голем број вработени. Веста ја потврди лично Елон Маск, наведувајќи дека одлуката била тешка, но неопходна. Се дознава дека заедно со укинување на дуплираните работни места, од Tesla ќе бидат отпуштени нешто повеќе од три илјади вработени, односно дури 9% од вкупната работна сила која брои 37 илјади луѓе. Во писмото до вработените Маск објави дека откази за работниците во производството нема да има, што значи дека процесот на производство и целите, посебно оние (пре)амбициозните што се однесуваат за проблематичното составување на Model 3, нема да бидат доведени во прашање. Тој го спомена и фактот дека компанијата во 15-те години од своето работење никогаш немала позитивен финансиски резултат, но во контекст дека тоа не е мотив за ова преструктурирање и отпуштањата. Tesla, вели Маск, има мисија да работи на одржлив начин како би можела на светот да му покаже дека одржливиот раст преку користење чиста енергија е можен. Заради тоа според него ова интерно преструктурирање оди во таа насока. Целата компанија треба да стане поефикасна, а управувачката структура поплитка, со помалку нивоа на менаџмент и бирократија.

Секако, на вработените кои во овој процес ќе останат без работните места ќе им биде исплатена отпремнина сразмерно стажот што го имаат.

клучни зборови: занимливости, Tesla

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 72,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 32,50
метан 38,00

Фото галерии