Го возевме Citroen C4 Cactus

Нова дефиниција на удобноста

Новата генерација на Citroen C4 Cactus има потешка задача од претходникот – го испробавме по виулестите патишта на медитеранските алпи за да се увериме колку е подготвен за тоа
Објавено на 13 март 2018 година
автор: Крумислав Барзов

Во изминативе децении Citroen ја воодушевуваше автомобилската публика со дизајнот на своите возила. За жал тоа не беше доволно да се наполни касата на компанијата. Со доаѓањето на чело на групацијата PSA Карлос Таварес побара од Citroen да го остави скулптуралниот дизајн на своите автомобили и да направи неопходни измени кои ќе донесат пари за компанијата. На средината на животниот век на C4 Cactus направен е темелен редизајн. Овој автомобил сега има многу потешка задача во рамките на компанијата. Како прво, Citroen C4 Cactus има за задача да го замени хечбекот C4. Исто така C4 Cactus треба да пружи возачко искуство и удобност кое ниту еден мејнстрим автомобил досега не успеал да го пружи.

Citroen C4 Cactus

Бидејќи му е доделен потполно нов статус, Citroen C4 Cactus претрпе сериозен и темелен редизајн. Не се работи само за затегнувањето на брчките и олеснување на средновековната криза туку се работи за технички дотерувања типични на нов автомобил. Моделот кој е донатор на Cactus оди во предвремена пензија. Со тоа Citroen го изгуби својот претставник во Ц-сегмeнтот па со кросоверската каросерија ќе се спротивстави на конкурентите како што се Ford Focus и Volkswagen Golf од кои е за цела педа покус. Сепак ова не е однапред изгубена војна. Аргументите што ги понудија конструкторите на „двојниот Шеврон“ припаѓаат на имиџот во кого оваа марка секогаш уживала.

Citroen C4 Cactus

Citroen C4 Cactus Во однос на претходникот измените кај Citroen C4 Cactus се длабински

Апострофот е ставен на комфорот. Кога популарноста на Citroen беше на највисоко ниво неговите автомобили не се истакнуваа по динамичките својства туку беа познати по удобноста, технологијата и комфорот. Токму тие атрибути се враќаат во игра. На неполни 4,2 метри должина C4 Cactus е најкусото возило во класата, но во ниту еден случај не може да кажеме дека е најмалото. Користејќи ги предностите на моноволуменскиот пристап на креирање на просторот, дизајнот овозможи ергономска и удобна внатрешност. Голема предност во однос на постоечката конкуренција се предните седишта кои имаат големина и форма на фотелји. Внимателно избраните дезени и бои придонесуваат за пријатната атмосфера во целата кабина бидејќи истиот пристап е спроведен и на задната клупа. Пластичните површини се направени од тврда пластика која на деловите изложени на допир остава солиден впечаток. Работното место на возачот има пријатно опкружување. На централната конзола сместен е екран чувствителен на допир додека инструмент таблата е дигитална. Недостаток е не можноста да се менува графиката и отсуството на мерачот на вртежите.

Токму тоа како да го нагласува новото искуство во возењето кого од редовите на Citroen го нарекуваат „летечки тепих“. Подесувањето на амортизацијата и целото подвозје е во име на удобноста и уживањето во возењето. Со оваа идеа на Citroen се уверив во целост, но за жал направена е жртва во динамичките својства. Целото внимание е сконцентрирано на врвната удобност која е поддржана со мекото, скоро воздушесто потпирање кое во урбани услови Citroen C4 Cactus на возење е перфектно. Само од време на време може да се почувствуваат вибрации од нерамните површини во кабината, звучната изолација е во согласност на остварувањата во класата а воланот весело ги прифаќа командите на возачот.

Сé е во деталите – внатрешноста на C4 Cactus еволуираше за поголемо задоволство во возењето

Citroen C4 Cactus

На првото тест возење беа понудени само бензински мотори. Комбинацијата со мануелниот шестстепен менувач нуди 130 КЅ додека со автоматикот 20 коњи помалку. Ќе има и дизели но сегашната хајка против нив ги остави вон оваа презентација. Комбинацијата на мануелен менувач и 130 коњи делува атрактивно и моќно. Токму таквата верзија требаше да го формира моето првично мислење за C4 Cactus по виулестите патишта на медитеранските алпи. Навистина во возењето го почувствував ефектот на „летечкиот тепих“, но во свиоците премногу се чувствуваа бочните ветришта. Имено, каросеријата премногу се навалува под дејство на инерцијалните сили. Тоа не се одразува на прецизноста на управувањето но сепак провоцира чувство како да се борите со возилото и дека во секој момент ќе почне да надуправува. Можеби и јас претерував со брзината на возењето поради предизвикот на алпските маршрути. Следниот ден ја возев верзијата со послабиот мотор со автоматски менувач. Впечатокот дека се жртвувани динамичките својство во однос на удобноста ми остана. Сфатив дека мора да се прилагодам и возев ноншалантно и во рамките на брзинските ограничувања. Тогаш ја сфатив пораката на Citroen дека во возењето треба да преовладува удобноста и релаксираното чувство при патување. Само што толкава релаксираност на мене лично има спротивен ефект.

Citroen C4 Cactus

Со храбриот скулптурален дизајн, нагласената удобност и добриот избор на мотори, C4 Cactus покажува дека е подготвен да делува на сите пазари и за сите вкусови. Овој пат целта се повторно жените, а од посилниот пол фокусирани се метросексуалците, односно мажите кои бараат женска нежност но во возењето. Во пресрет на македонската премиера која треба да се случи месецов сé уште не ни се познати цените за кои увозникот Автонова се бори да бидат попривлечни за домашниот купувач.

основни податоци Citroen C4 Cactus
PureTech 82 PureTech 110 PureTech 130 BlueHDi 100
зафатнина (cm³): 1.199 1.199 1.199 1.560
силина (KS/min-1): 82/5.750 110/5.500 131/5.500 99/3.750
вртежен момент (Nm/min-1): 118/2.750 205/1.500 230/1.750 254/1.750
димензии (mm): 4.170×1.714×1.480
меѓуоскино растојание: 2.595
багажник (dm³): 358/1.180
максимална брзина (km/h): 159 188 207 185
забрзување 0-100 km/h: 14,9 10,3 9,1 11,8
потрошувачка (l/100 km): 4,1/5,7/4,7 3,9/5,5/4,5 4,1/6,1/4,8 3,4/4,4/3,8
емисија на CO₂ (g/km): 109 104 110 99

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER