Германија се ослободува од старите дизели

Мислиме дека не е тешко да се погоди каде ќе завршат сите тие стари и валкани дизели кои паднаа под немилост во Германија, но дали навистина е така?
Објавено на 12 август 2018 година

За едни проблем за други можност за заработка - старите дизели од Германија си го најдоа патот до нови купувачи. Според податоците, извозот на стари дизел автомобили од Германија континуирано расте - лани за 18%, а од почетокот на годинава за повеќе од 20 проценти. Зборуваме за стотици илјади возила - поточно скоро 240.000 лани. И сите ние сме подготвени да се заколнеме дека ваквите возила завршуваат во Источна Европа, но статистиката вели дека не е така - најмногу од старите дизели од Германија се продадени во Италија (скоро 22.000), а следат Австрија и Франција. Но за да не признаеме дека грешиме во размислувањата, ќе кажеме дека најголем процент на пораст на увоз на стари дизели од Германија е забележан во Хрватска (136%) и Украина (90%).

Сепак за илустрирање на апетитот на Источна Европа за старите германски дизели по правило се користат Романија, Словачка и Унгарија. Бројни репортажи изготвени од германските медиуми од таму доста живописно ја илустрираат сликата што ја затекнале на тамошните авто-плацеви, каде мирисот на колбасите и пилешкото се меша со издувните гасови. Купувачите не се пребирливи - ним им е битна марката и цената. Изострениот слух ќе препознае дека меѓу нив има и од Србија, Косово и Албанија. Тамошните препродавачи на стари возила не патуваат до Германија - изворот на својата заработувачка го гледаат нешто поблизу. Но од каде и да сé, 80% од нив работат на црно - со кеш во џебот. Само така можат да обезбедат заработка по околу 300-400 евра по возило. Звучи контрадикторно но така е - бројката опаѓа заедно со цената на возилата. А таа во Германија веќе е на половина од тоа што би била да не беше дизелгејт аферата и последиците од неа. Но и покрај тоа, старите дизели тешко се продаваат - германските дилери на залиха имаат околу 350.000 автомобили во вредност од 4,5 милијарди евра. Проблемот е што поголем дел од нив се Еуро 5, кои сé уште се прескапи за новопечените купувачи од Источна Европа.

За крај и блага сатисфакција дека сепак сме дел од Европа, онаа вистинската, нека остане забележано дека најстарите автомобили, со најниско ниво на емисии на издувните гасови, одат за Грузија.

клучни зборови: занимливости

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 62,50
биодизел Б6 63,00
течен нафтен гас 32,50
метан 38,00

Фото галерии