Германија лидер по продажба на електричните возила

Објавено на 11 мај 2018 година

Доминацијата на Норвешка заврши - Германија сега е земјата во која се продаваат најмногу електрични возила во Европа. Тоа не е по заслуга само на субвенциите туку и на сé поголемиот интерес на тамошните купувачи за новата технологија поттикнат од домашните производители. Според податоците за продажба, во првиот квартал годинава во Германија се регистрирани 17.574 нови електрични и plug-in хибридни возила, бројка која е за цели 70 отсто поголема од остварената во првиот квартал лани. За истиот период во Норвешка се продадоа 16.182, а во Велика Британија 14.162 вакви возила. Од останатите земји поголема продажба на електрични и plug-in хибридни возила има остварено само уште Франција - 10.908, додека другите се далеку зад нив.

Вкупно за првите три месеци во Европа се продадоа 88.329 еко-возила, за 41 отсто повеќе од лани. Од нив 43.585 се електрични, 44.744 plug-in хибриди, а продадени се уште и 145.241 хибридни возила без plug-in можности.

клучни зборови: занимливости

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии