General Tire дебитираше на Autosport International шоуто

General Tire дебитираше на Autosport International шоуто

На респектабилното Autosport International шоу кое се одржува во Бирмингем, General Tire го претстави дизајнот на возилата кои ќе учествуваат во Nascar Whelen Euro серијата
Објавено на 15 јануари 2019 година

По ланската најава дека ќе ја поддржи на Nascar Whelen Euro серијата како официјален партнер и ексклузивен снабдувач на пневматици за сите тимови, General Tire го покажа дизајнот на возилата кои ќе учествуваат во овој атрактивен шампионат. Американскиот гумарски гигант ќе им обезбеди на тимовите слик и пневматици за мокра подлога развиени од својот нов модел NWES GT со димензии 11.5/27.5 R 15 за предните и задните тркала. За да го одбележат партнерството, General Tire и Nascar Whelen Euro серијата заедно креираа целосно брендирано возило кое го покажаа на респектабилното Autosport International шоу. Уникатниот дизајн е создаден да ги долови возбудувањата што ќе ги донесат автомобилите кои ќе се најдат на стартните позиции на оваа тркачка серија.

„Како еден од најголемите настани во мотоспортот во Европа, Autosport International шоуто беше идеална прилика да се претставиме како официјален партнер на Nascar Whelen Euro серијата“, рече Гај Фробишер, постар менаџер задолжен за овој проект на General Tire во Европа. „Ова е само почеток на возбудливото партнерство на двата бренда и со нетрпение го очекувам стартот на сезоната во април“, додаде тој. Алан Болдвин, директорот за големопродажба на увозникот на General Tire за Велика Британија, дополни: „Со авантура во срцето на General Tire, Autosport International шоуто го одбележува возбудливиот почеток на годината за нас“.

Autosport International шоуто од 1991 година е редовен четиридневен настан што моторспорт ентузијастите и индустриските професионалци не го заобиколуваат. Присутните тука се запознаваат со најновите технологии во мотоспортовите, со можност да се сретнат со легендите од оваа сфера и да ги видат возила од сите тркачки сегменти – од картинг до формула 1.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER