GAC GS5

Изненадување!

Салонот во Париз, таков каков што е со отсуството на петнаесетина автомобилски производители, не можеше да помине без изненадувања
Објавено на 2 октомври 2018 година

На разочарување на европската автомобилска индустрија и нејзините поддржувачи, едно од поголемите изненадувања во Париз пристигна од другиот крај на светот - од Кина. GAC GS5 му е ознаката и ако се суди според неа, ништо нема да се пресуди. Ако се суди според она што го гледаме пред нас, можеби и ќе падне некој позитивен збор. Воздржувајќи се да останеме неутрални, ќе кажеме дека кинескиот GAC Motor на салонот на автомобилите во Париз оваа година се појавува по прв пат. Плус на тоа, според официјалниот список на изложувачи тој е единствениот претставник од Кина. Можеби заради тоа, а поверојатно заради своите амбиции, добро се подготви и ги изненади посетителите на салонот со поставата, меѓу која реално најголемо внимание предизвика новата генерација на компактниот SUV GS5, кој тука ја имаше светската премиера.


GAC GS5 Тој на прв поглед не нуди ништо ново, но со оглед од каде доаѓа, сé е ново. Бројките ќе ги изоставиме - во отсуство на цената, што и да напишеме апсолутно е сеедно. За жал, мора да го изоставиме и најбитното - како тоа GAC Motor кој со години наназад е редовен изложувач на салонот во Детроит мисли да ја освојува европската публика. Засега се познати само желбите на Кинезите, а тие се, цитираме без да коментираме: „…да се изгради силен имиџ на брендот во Европа, што претставува голем чекор кон градење бренд од светска класа и глобална компанија“.

Тоа засега би било толку да не беше еден факт - експонатите на компанијата што сака да гради силен имиџ во Европа беа заклучени и никој не можеше да влезе во нив.


GAC GS5

клучни зборови: новитети, GAC

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 1

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе