Ford Mustang RTR

Ford Mustang RTR го големи букви се запиша во историјата

…или каде има чад, има и оган
Објавено на 28 септември 2018 година

Да, добро прочитавте - дивеењето од видео игрите стана стварност, но овој пат целосно контролирано од страна на Вон Гитен Јуниор, во чии раце Ford Mustang RTR со своите 900 KS ги преора сите 20,7 километри на Нирбургринг. Времето за кое тој ја помина патеката не е објавено, но овој пат тоа не е ни битно - легендарниот Нордшлајфе е дом на брзината, но овојпат на асфалтниот циркус настапи мајстор зад управувачот кој се натпреварува во формула Дрифт првенството, каде владее екстремното. Таков екстремен беше и неговиот Mustang RTR, кој се покажа како доста способна машина за дрифтање. За бројните бочни пролизгувања што ги помина на три тркала и тоа понекогаш со 240 km/h, заслужни се мајсторите на тјунинг компанијата Roush Yates, кои го натераа 5-литарскиот атмосферски V8 да се врти и до 9.000 пати во минута. Како изгледаше дивиот танц на Зелениот пекол на кој на Ford Mustang RTR комплетно уништи три сета пневматици, погледнете во видеото - засилете ги звучниците и уживајте!

П.С. Официјално, дрифтањето на Нирбургринг не е дозволено.

 

Видео

клучни зборови: видео на денот, Ford Mustang

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе