Ford Mustang

Mustang немоќен пред вулканската лава

Објавено на 9 мај 2018 година

Ford Mustang е најпродаван спортски автомобил во светот, Хаваи се едно од најубавите места на планетава и заедно ветуваат рај на земјата, но под услов и таа да се сложи. Но вулканот Килауеа не мислеше така. Тој го покажа својот инаетлив карактер со ерупција на големи количини лава, која траеше неколку дена и пред себе однесе сé што човекот направил. Меѓу нив беше и овој бел Ford Mustang, кој од непознати причини останал да стои паркиран токму на нејзиниот пат, заради што буквално се стопи како путер. Жално, но вистинито.

 

Видео

клучни зборови: видео на денот, Ford mustang

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии