Фолксваген на обвинителна клупа

Објавено на 10 септември 2018 година

Германците се обединија против Фолксваген - акционерите на групата започнаа гигантски судски процес во кој бараат отштета во износ од девет милијарди евра заради губењето на вредноста на акциите како последица на дизелгејт аферата. Тешката задача да пресече дали се во право ќе ја има вишиот суд во Брауншвајг, каде денеска во име на тужителите ќе истапи нивниот застапник инвестицискиот фонд Дека. Според нив, управата на Фолксваген премногу чекала со изнесувањето на вистината за манипулирањето со тестовите за издувните гасови кај дизел моторите, со што акциите загубиле половина од својата вредност, а акционерите споменатите милијарди. Во овој судски процес без преседан треба да се докаже дали врвот на Фолксваген знаел за скандалот пред да избие. А концернот се брани токму со тоа - тие тврдат дека за манипулирањето со резултатите од тестовите знаеле само пониските менаџери, додека управниот одбор не знаел ништо сé до објавата на американскиот државен уред за заштита на околината. Тие исто така тврдат и дека на акционерите веднаш по сознанието им упатиле предупредување.

Се очекува овој гигантски судски процес да трае до следната година. Аферата дизелгејт досега го чинеше Фолксваген преку 27 милијарди евра.

клучни зборови: занимливости, Volkswagen

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 72,50
еуросупер 98 74,00
еуродизел Д5 66,00
биодизел Б6 66,50
течен нафтен гас 34,00
метан 38,00

Фото галерии